Свет

Кина го забрани увозот на свињи од Хрватска и Босна и Херцеговина

11 Jul 2023

Кина забрани директен и индиректен увоз на домашни и диви свињи од Хрватска и Босна и Херцеговина поради избувнувањето на африканската свинска чума.

Сите животни што ќе влезат на кинеската територија од тие земји ќе бидат вратени во земјата на потекло или убиени, се вели во две соопштенија на кинеската Царинска управа.

Во Хрватска, според Министерството за земјоделство, на крајот на минатата недела болеста е потврдена на 35 фарми, а еден случај е забележан и кај популацијата на диви свињи, пренесува „Индекс“. Министерството посочи дека ги заострила мерките за сузбивање на нелегалната трговија со цел да се спречи ширење на заразата.

Фото: avaz.ba 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...