Свет

Ниските плати се причина за недостигот на работна сила во ЕУ

30 Jun 2023

Недостигот на работна сила во ЕУ се зголемува, а тоа е повеќе последица на ниските плати и лошите услови за работа отколку на недоволните квалификации на работниците, покажува новата студија на Европскиот синдикален институт (ЕТУИ).

Огромниот недостиг на работници не е само прашање на вештини... Проблемот е да се најдат луѓе подготвени да ги работат тие тешки работи за толку ниски плати и во толку лоши услови, изјави Ваутер Цвизен, истражувач и автор на студијата на ЕТУИ.

Наодите од истражувањето укажуваат дека доколку Европа сака да му стави крај на недостигот на работна сила, потребно е да се зголеми колективното договарање, да се подобрат платите и работните услови, како и вештините на работниците.

Претставниците на европските синдикати веќе укажаа на фактот дека во 2022 година реалните плати во половина од земјите членки на ЕУ се намалија и покрај порастот на реалниот профит.

Според авторот на студијата, во актуелната криза мора да се поддржат и работниците и компаниите, но важно е да се искористи можноста за подобрување на животот на работниците. Значително подобрување може да донесе директивата за минимална плата, особено преку воведување колективни договори за сите работници.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...