Свет

Рекордна посетеност на саемот ПЛМА во Амстердам

06 Jun 2023

Овогодинешниот меѓународен саем „Светот на приватни трговски марки - ПЛМА“ ( World of Private Label) што се одржа на 23 и 24 мај во Амстердам имаше рекордни 16.000 + посетители од 120 земји ширум светот.

Вкупно 2.650 компании од 72 земји пред нив ги претставија своите прехранбени и непрехранбени производи. Меѓу главните атракции беа „ПЛМА Идеа супермаркет“ и „Њу продукт експо“, во рамки на кој посетителите имаа можност да се запознаат со некои од последните иновации н во сегментот приватни трговски марки и развој на нови производи. 

Претставниците од аналитичкиот тим на „Нилсен IQ“ кажаа дека во тековната година очекуваат дека приватните трговски марки ќе растат за 2-3 процентни поени во Европа, со најголем раст во Источна Европа. И  „Нилсен IQ“ и ГфК ја потврдија Европа како најголем пазар за приватни трговски марки, со пазарен удел од 34 отсто. 

Саемот ПЛМА е глобално случување и водечка Б2Б платформа за приватни трговски марки. Горди сме што производителите на приватните марки на меѓународно ниво го препознаваат значењето на нашиот саем, изјави Пеги Дејвис, претседателка на ПЛМА. 

Следната година овој заем ќе се одржи на 28 - 29 мај. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...