Свет

„Монделез“ ја затвори фабриката за пекарски производи

18 мај 2023

„Монделез“ објави дека ја затвора својата фабрика што произведуваше пекарски производи под брендот Enjoy Life Foods (EFL) во Индијана, САД. 

Од компанијата соопштија дека ќе има неколку кругови отпуштања што ќе опфатат 166 работници. 

Иако остануваме посветени на Enjoy Life Foods, мораме да се осигураме дека брендот ќе продолжи да расте на начин што има смисла за работењето. како дел од оваа промена, одлучивме омилени ELF грицки додека преминуваме на екстерно производство. ELF ќе продолжи да биде сојузник на потрошувачите со алергии, да се фокусира на нивните специфични потреби и да прави вкусна храна без 14 алергени, соопштија од компанијата. 

Фабриката за ЕLF управува со три производни линии, вклучувајќи ја линијата за чоколадни штангли, што може да произведе 237.000 метри штангли месечно; линијата за колачи, која може да направи 7 милиони колачи месечно; и чоколадната линија, која може да направи  1.500 тони чоколадо секоја година. 

„Монделез“ го купи брендот ELF во 2015 година.  

Извор: FoodBev



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...