Работење

„Едека“ локален херој на супермаркет

29 Jan 2025

Независните продавници се извор на енергија на трговската задруга и лидер на германскиот пазар „Едека“. „Едека“ се разликува од конкурентите дисконтери благодарение на локалните извори и свежите производи. Дизајнот на продавниците е прилагоден на секоја локација поединечно, што дополнително ги зајакнува локалната поврзаност.  

Автор: Себастиан Ренак, меѓународен ритејл аналитичар

Германскиот лидер на пазарот за храна, „Едека“, напредува благодарение на локалните корени. Од околу 6.700 супермаркети и Е-Центар и на „Едека“ под сопствен бренд, речиси 5.800 објекти се управувани од независни трговци. На фасадата на овие продавници, логото на „Едека“ е дополнето со презимето на индивидуалниот трговец. Севкупно, „Едека“ работи како задруга управувана од 3.400 независни претприемачки семејства.

Во 2023 година, независните трговци на „Едека“ постигнаа нето-продажби од 39,3 милијарди евра, што претставува зголемување од 7,7%, додека инфлацијата на цените на храната (CPI) во календарската година беше 6,0%. Тоа значи дека просечната продавница „Едека“ со површина од 900 метри квадратни остварила околу 6,8 милиони евра нето-продажба годишно.

„Едека“ нуди меѓу 20.000 и 30.000 артикли во својот стандарден асортиман, од кои 25% се приватни трговски марки. Најголемата приватна трговска марка е ценовно пристапен асортиман под името „gut & günstig“со 2.700 производи, а потоа следи сегментот со среден квалитет под името Edeka со 2.500 производи. Компанијата исто така се стреми да стане лидер во органскиот сегмент, а асортиманот на Edeka BIO веќе порасна на вкупно 1.000 производи. Почнувајќи од 2022 година, поголемите продавници на „Едека“ го воведуваат форматот Naturkind shop-in-shop, кој комбинира помеѓу 2.000 и 4.000 брендирани органски производи кои ги исполнуваат стандардите на големите органски здруженија како што се „Деметер“, „Биоленд“ или „Натурленд“.Во моментов има речиси 100 такви продавници. Веганските производи исто така привлекуваат купувачи, со повеќе од 1.500 производи во понудата.

 Срцето на продавницата е составено од одлично дизајнирани витрини за месо, сувомесни производи, сирење, риба и други специјалитети. Месарниците ги водат мајстори месари. Меѓу седумте регионални задруги во Германија, „Едека Југозапад“ е најголемиот производител на месо меѓу сите германски трговци на мало. Фабриките за месо остварија промет од околу една милијарда евра во 2023 година.

Во споредба со другите трговци на мало, „Едека“ се издвојува со својот голем асортиман на производи од регионални извори. Под ознаката „радиус од 30 километри“, секоја продавница ги истакнува производите од локални и регионални производители чии фарми и производствени капацитети се наоѓаат во близина на продавницата. Годишно до 80 локални производители доставуваат стоки во една продавница.

  Во посета на продавница

Пред касата, продавниците „Едека“ имаат посебна пекара која се фокусира на колачи и специјални лебови. Првиот дел од патувањето на купувачот е секторот за овошје и зеленчук, со многу регионални производи.

         

Локален производител, чија фарма се наоѓа на 15 километри од продавницата, изложува компири на посебни брендирани полици. Оваа продавница се наоѓа во најголемиот регион за производство на компири во Германија, Долна Саксонија.

           

Во текот на летото, сезонските бобинки се испорачуваат од локалните фармери. Фармите лоцирани поблиску од 30 км од продавниците на Едека се означени со ознаката „регионално - во рок од 30 км“.

             

Пекарата во продавницата нуди претежно помали индивидуални артикли, како лепчиња и слатки и солени закуски, што ја разликува од пекарата на влезот во објектот.

              

Продавниците на „Едека“ имаат концепт „продавница во продавница“ за органски производи. Добро познатите добавувачи на органски производи, како што се Bio-Zentrale или Alnatura, имаат свои посебни делови овде.

              

 Во оваа продавница, делот за пијалоци е вклучен во супермаркетот. Поради историските ограничувања на продажните простори поголеми од 800 квадратни метри и германскиот систем за повратно пакување, многу продавници на „Едека“ и денес имаат посебни пазари за пијалоци.

                           

Секој трговец на „Едека“ самостојно одлучува за дизајнот на продавницата, честопати нагласувајќи ги локалните елементи. Оваа продавница се наоѓа во близина на најголемата фабрика за автомобили Фолксваген во Европа. Украсите вклучуваат силуети на автомобили VW, запчаници и погонски синџири.

                 

Овие дизајнерски елементи продолжуваат низ продавницата.

               

Во секоја категорија производи, „Едека“ нуди сопствени  приватни трговски марки  „gut & günstig“ која ценовно им конкурира на  „Лидл“ и „Алди“,  како и ознака за квалитет „Herzstücke“.

              

 Брендираните производи од стандардниот асортиман на конкуренти со попусти исто така се совпаѓаат со цените и се означени со црвени ознаки „discountbillig“.

              

За да се разликува од „Лидл“ и „Алди“, кои постојано ја прошируваат својата органска палета, „Едека“ има сертифицирано дел од својата приватната трговска марка на органски производи Edeka Bio под ознаката „Bioland“, која поставува значително повисоки стандарди за квалитет од еквивалентот на ЕУ.

                 

Со цел да ги зајакне локалните врски, „Едека“ во центарот на продавницата прикажува камион VW брендиран со логото „Едека“, кое компанијата го користела пред 50 години.

                  

Познатиот кари кечап VW, кој се користи во фабричката менза на 25 километри од продавницата, се продава само во супермаркетите во близина на фабриката на VW.

             

Колбасите  се достапни во ладилни витрини и го носи оригиналниот број на резервен дел кој е видлив и во системот за автомобили VW.

                   

Магнет за купувачите во продавницата се сервисните витрини со најквалитетни свежи производи, во месарницата која ја води мајстор месар.

                    

Делот за алкохол се наоѓа во средината на продавницата и вклучува многу регионални германски вина, како и специјални делови за виски и пенливи вина.

                     

Фабриката на познатиот хербален ликер Jägermeister се наоѓа во близина, па асортиманот се квалификува како „регионален“ и е означен како таков.

                   

Друг централен дел на продавницата е делот за здравје и убавина. Со силната конкуренција од дрогериите dm и „Росман“ на германскиот пазар, „Едека“ посвети посебно внимание на создавање пријатна атмосфера на овие простори.

                     

 

Себастијан Ренак е основач на „Алетос ритеил адвајсори“, меѓународен аналитичар и поранешен меѓународен дописник на Lebensmittel Zeitung (LZ), водечки економски неделник за FMCG–секторот.  Има големо практично искуство во индустријата како поранешен член на оперативните тимови на „Шварц груп“ и „Метро груп“ во Полска, Украина и Русија.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...