Свет

„Монделез“ оствари пораст од 18,1 отсто

15 May 2023

„Монделез интернационал“ објави пораст на нето - приходот од 18,1 проценти во првиот квартал од годинава, кој достигна до 9,17 милијарди долари.

Како што соопштија од компанијата, порастот во првиот квартал е поттикнат од органското зголемување на нето-приходот од 19,4% и од зголемената продажба на брендовите Clif Bar и Ricolino.

Порастот на нето - приходот на компанијата во Азија, Блискиот Исток и во Африка изнесуваше 3,9 отсто, на европскиот пазар 12,7 отсто, додека во Северна Америка тој изнесуваше 26,8%. Најдобри резултати беа постигнати на пазарот на Јужна Америка, каде што порастот на „Монделез“ достигна 46,6 проценти.

Остануваме фокусирани на забрзување и зголемување на порастот преку значајни инвестиции во нашите брендови и таленти, а истовремено ги унапредуваме и иницијативите за одржливост, истакна Дирк ван де Пут, претседател и извршен директор на „Монделез“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...