Свет

ФАО: Маргинално зголемување на априлските цени

05 May 2023
 
Индексот на цените на храната во април годинава во просек изнесуваше 127,2 поени, што е за 0,8 поени (0,6 отсто) повеќе во споредба со март. На ова ниво цените се за 31,2 поени (19,7 отсто) под вредноста во април минатата година. За маргиналниот пораст изминатиот месец најмногу придонесе наглото зголемување на цените на шеќерот.
 
Индексот на цените на житните култури во просек изнесуваше 136,1 поени во април годинава, што е намалување за 2,4 поени (1,7 отсто) во споредба со март. Во споредба со ланскиот април, цените се пониски за дури 33,5 поени (19,8 отсто). Речиси сите главни житарки забележаа пад на цените на глобално ниво, со исклучок на оризот.
 
Во април годинава индексот на цените на растителните масла во просек изнесуваше 130 поени, што е пад за 1,8 поени (1,3 отсто) на месечно ниво. Тоа е петтиот последователен месечен пад на цените на растителните масла. Континуираниот пад е резултат на стабилните глобални цени на палминото масло и намалувањето на цените на соиното, сончогледовото и на маслото од маслодајна репка.
Индексот на цените на храната на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) ја мери месечната промена на меѓународните цени на потрошувачката кошница. Тој се состои од просекот на индексите на цените на петте групи прехранбени производи, пондерирани со просечните извозни удели на секоја од групите.
Минатиот месец индексот на цените на млекото и на млечните производи во просек изнесуваше 124,6 поени, што е намалување за 2,2 поени (1,7 отсто) во споредба со еден месец претходно и за 22,1 поени (15,1 отсто) помалку од април минатата година. Цените на млекото во прав се намалуваат десетти последователен месец, цените на сирењето паднаа како резултат на високата достапност на извозот во Западна Европа, додека цените на путерот останаа стабилни.
 
Индексот на цените на месото* во просек изнесуваше 114,5 поени во април годинава, што е за 1,5 поени (1,3 отсто) повеќе од март и за 7,4 поени (6,1 отсто) под вредноста во април минатата година. По деветмесечен пад, се зголемија цените на месото од живина, а пораст забележаа и цените на свинското и на говедското месо. Цените на овчото месо останаа стабилни.
 
Априлскиот индекс на цените на шеќерот во просек изнесуваше 149,4 поени, што е за 22,4 поени (17,6 отсто) повеќе од март. Тоа е трето последователно месечно зголемување, со што цените на шеќерот го достигнаа највисокото ниво од октомври 2011 година.
 
* За разлика од другите групи, поголемиот дел од цените што се користат за пресметка на индексот на цените на месото не се достапни кога се пресметува и се објавува овој извештај. Вредноста на индексот на цените на месото е изведена од комбинација на проектираните и забележаните цени.
 
 
Извор: www.fao.org


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...