Рускиот синџир „Лента“ лансираше виртуелен асистент под називот „Свежетолог“ чија задача ќе биде да им помага на потрошувачите во изборот на овошје и зеленчук при онлајн купувањето.
Притоа, потрошувачите не мора да ја симнат „Лента“ онлајн апликацијата за да ги користат услугите на виртуелниот асистент, туку само можат да го скенираат кју-ар кодот што се наоѓа во онлајн одделот за овошје и зеленчук. Потоа, „Свежетолог“ на купувачите ќе им дава совети околу изборот на овошје и зеленчук по примерот на совети од стручни лица.
Купувачите се чувствителни кога бираат овошје и зеленчук. Тоа посебно важи за оние потрошувачи кои нарачуваат намирници од овие категории преку интернет. Благодарение на виртуелниот асистент „Свежетолог“, купувачите на „Лента онлајн“ ќе можат да се уверат дека во продавниците на нашиот синџир ќе добијат најсвежи и најквалитетни производи, соопштија од одделот за комуникации на „Лента“.
Проектот засега вклучува две локации од кои е можно да се нарача овошје и зеленчук на овој начин. Доколку пилот - фазата се покаже како успешна, компанијата ќе го прошири проектот на дополнителни локации.
Извор: retail.ru
Фото: Lenta
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.