Брендот Lipton се прошири на пазарот на алкохолни пијалаци со лансирање на Lipton hard леден чај, во четири варијанти вкусови.
Lipton Hard е она што потрошувачите го сакаат од тврдиот леден чај. Креиравме посебен рецепт за да осигураме дека познатиот, рамнотежен што луѓето го сакаат кај Lipton ледениот чај навистина ќе дојде до израз, изјави Лиса Тексидо, директорка на брендот Lipton Hard Iced Tea.
Новата линија е достапна во четири вкусови: мешавина од лимонада и леден чај, лимон, праска и јагода.
Овој потег доаѓа откако неодамна компанијата „Кока - кола“ најави дека сокот Jack Daniels x Coca Cola RTD ќе биде достапен ширум САД по пробното тестирање и лансирање во Мексико. Со тоа Jack Daniel's се придружи кон портфолиото ароматизирани алкохолни пијалаци на „Кока - кола“ меѓу кои се и Lemon-Dou, Topo Chico Hard Seltzer, Schweppes Pre-Mixed kokteli, Simply Spiked Lemonade и Fresca Mixed.
Извор: FoodBev
Фото: Lipton
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.