Португалскиот синџир „Континенте“ оптимизираше повеќе од 538 производи од приватната трговска марка во последните три години, притоа отстранувајќи приближно 860 тони шеќер и 120 тони сол.
Покрај тоа, од синџирот велат дека го елиминирале и палминото масло од 92 производи. Промените се воведени постепено за потрошувачите да не ја почувствуваат големата разлика во вкусот.
Количината на шеќер и сол е отстранета од производи како што се јогурт, житарки за појадок, колачи, безалкохолни пијалаци, помфрит, супи за носење....
Намалувањето на шеќер и сол е направено без да се загрозат прехранбените навики на нашите купувачи, соопштија од „Континенте“.
Трговецот инвестираше и во нутритивната писменост на своите потрошувачи преку воведување нутритивен семафор на предната страна на пакувањата на своите производи, што покажува поедноставени информации за хранливите материи кои, доколку премногу ги внесеме, можат да направат сериозен проблем за здравјето.
Извор: esmmagazine
Фото: Continente
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.