Свет

„Карлсберг“ ги купува правата на Kronenbourg од „Хајнекен“

18 Apr 2023

Брендот Kronenbourg 1664 е во глобална сопственост на компанијата „Карлсберг“. Но, „Хајнекен“ има лиценца за Велика Британија за лагер од 2008 година, по аквизицијата на „Скотиш&њукастл“. 

Со задоволство го објавуваме нашиот договор да преземеме одговорност за Kronenbourg 1664. Поддршката на брендовите и иновациите во премиум категориите се клучен столб на нашата стратегија, а додавањето на Kronenbourg 1664 кон нашето завидно портфолио е неверојатна можност тоа да го постигнеме, соопштија од „Карлсберг“. 

Генералниот директор на „Хајнекен“ - Велика Британија, пак, изјави: Бевме силен чувар на Kronenbourg во Велика Британија во последните 14 години, одржувајќи го квалитетот на производот и вложувајќи во неговиот маркетинг и диструбуција како дел од нашето портфолио. Време е Kronenbourg 1664 да влезе во своето следно поглавје и драго ни е што го постигнавме овој договор со „Карлсберг“.   

„Карлсберг“ и „Хајнекен“ - Велика Британија ќе работат заедно за да осигураат непречена транзиција за купувачите пред компанијата да ја преземе дистрибуцијата во Велика Британија на почетокот на јуни. 

Извор: FoodBev
Фото: Kronenbourg



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...