Низ цела Европа потрошувачите продолжуваат да се соочуваат со инфлацијата и со високите цени на прехранбените производи. Во некои земји владите интервенираат, а во други, трговците се натпреваруваат меѓу себе за да го зајакнат имиџот кај потрошувачите.
Во Велика Британија „Теско“ додаде повеќе производи во опсегот на приватните марки, како дел од кампањата Aldi Price Match. Конкурентот „Сеинсберис“ ја прошири кампањата за корекција на цените за речиси една третина и сега покрива повеќе од 300 производи. „Веитрос“ инвестира 100 милиони фунти (113,8 милиони евра) годинава за намалување на цената на стотици производи, вклучувајќи свеж зеленчук, месо и чај, што според трговецот е рекордно намалување, со цел да им помогне на купувачите за време на кризата со трошоците за живот.
Францускиот министер за финансии ги повика трговците со храна да направат повеќе за да им помогнат на потрошувачите да се справат со високите цени, бидејќи владата се потпира на нив. Овој повик до трговците да продаваат антиинфлациска кошница со секојдневни производи по многу ниски цени засега е доброволен. „Систем ју“ веќе лансира 150 секојдневни производи, од кои повеќето се трговски брендови, по многу ниска цена. „Лидл“ направи сличен потег, а „Ошан“ двојно го зголеми бројот на понудени производи по ниски цени. „Карфур“ има своја антиинфлациска кампања со стотици производи понудени за нокдаун-цени. „Казино“ ги замрзна цените за асортиман од 550 секојдневни производи.
Во Шпанија владата го елиминира ДДВ-то за основната храна (леб, брашно, млеко, сирење, јајца, овошје, зеленчук, мешунки, компири и житарки) од 4% на 0% за првите шест месеци од годинава. Данокот за маслото и тестенините е намален од 10% на 5%.
Грчката влада им наметна на трговците на мало таканаречена „кошничка за инфлација“. Кошничката, меѓу другото, вклучува и млеко, месо, ориз и леб.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.