Свет

Глобални трендови на пакувањето

03 Apr 2023

„Минтел“ го објави извештајот за глобалните трендови на пакувањето за 2023 година. Се забележуваат многу големи надворешни влијанија врз иновациите на амбалажите и синџирот на снабдување со материјали.

Влијанијата, меѓу другото, вклучуваат притисоци од еколошка перспектива, конфликтот во Украина, глобалната инфлација, социјалните прашања, правните предизвици, зголемената одговорност на производителите и други глобални притисоци. Тоа значи дека материјалите за пакувањата мора да се движат по нови и попредизвикувачки маршрути до пазарот.

За пакувањата за храна и пијалаци, извештајот вели дека потрошувачите ќе трагаат по квалитет по прифатлива цена, што ветува транспарентност и разновидност. На производителите на пакувањата им се советува да овозможат јасна комуникација за хранливата содржина со додадена вредност и да обезбедат ефикасни порции и подготовка на производот.

Во доменот на производи за нега и убавина, потрошувачите бараат експериментирање, општествена одговорност и вредност на брендовите и во физичките продавници и онлајн. За соодветно да одговорат на нив, производителите на пакувања би можеле да користат физички, емотивни, визуелни, дигитални и еколошки атрибути, кои ќе се поврзат со променетиот начин на живот на потрошувачите.

Пакувањето на средствата за одржување на домаќинството во иднина ќе биде со едноставен и практичен дизајн, но и со транспарентен приказ на еколошката и социјалната одговорност.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...