Холандскиот трговец „Алберт Хеин“ додаде уште 100 артикли на својата кампања „ценовни фаворити“, преку која настојува да понуди намирници по пристапна цена од сопствени брендови за целото домаќинство. Новите додатоци вклучуваат намази, печени мусли од семиња, мармалади, овошни барови и слични производи.
Кампањата е проширена и на производи за лична нега, како влажни марамчиња и шампони за бебиња, вискозни крпи, прашок за перење, течен сапун....
Сметаме дека е важно купувачите да можат да продолжат секој ден да купуваат евтино и сакаме да ја направиме достапна добрата храна за сите. Тоа е нашата мисија. Драго ни е што уште еднаш ја прошируваме нашата понуда. Сега имаме околу 1.800 артикли во кампањата „ценовни фаворити“ што е повеќе од вкупниот број производи што можат да се најдат во просечен дисконт, соопштија од „Алберт Хеин“.
Извор, фото: Albert Heijn
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.