Свет

„Перно Рикар“ ги надмина очекувањата за профитот и продажбата

21 Feb 2023

Во второто полугодие од 2022, „Перно Рикар“ оствари профит и продажба подобри од очекувањата, со помош на зголемување на цените на клучните пазари - кинескиот и американскиот. 

Гигантот за пијалаци, кој ги поседува коњакот Martell, шампањот Mumm и вотката Аbsolut, соопшти дека профитот од тековното работење во шест месеци до 31 декември лани достигна 2,423 милијарди евра, што е органски пораст од 12 отсто додека очекувањата на аналитичарите беа пораст од 8,2 отсто. 

Продажбата изнесуваше 7,116 милијарди евра во првата половина, што претставува органски раст од 12 отсто во споредба со очекувањата на аналитичарите за зголемување од 9,7 отсто. 

Фискалната година на „Перно Рикар“ почна на 1 јули. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...