Свет

„Монделез“ лансира нов асортиман чоколадо

20 Feb 2023

„Монделез“ ја лансира првата понуда на чоколадото Cadbury, без многу масти и шеќер (без ХФСС), под брендовите Fruitier и Nuttier.

Чоколадото, со додатоци како грозје, брусница, пржени бадеми и лешници, содржи помалку шеќери и заситени масти, но и повеќе влакна и протеини.

Во моите 25 години развој на Cadbury производи, ова е еден од највозбудливите проекти на кој сум имал задоволство да работам, помагајќи нашите потрошувачи да имаат повеќе избор кога станува збор за уживање во чоколадо, без загрозување на вкусот или текстурата и осигурувајќи дека Cadbury Dairy млечното чоколадо е во срцето на производот, изјави Адам Харис, водечки технолог на „Монделез интернешнл“. 

Новите производи на почетокот на март ќе бидат достапни за поширокиот круг потрошувачи. 

Извор: INB2B Media
Фото: Cadbury



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...