Свет

Еколошки прифатливи супстанции во детергентите на „Унилевер“

06 Feb 2023

„Унилевер“ најави дека ќе користи обновливи и биоразградливи сурфактанти од шпанската компанија за хемикалии „Кепса Кемика“ за своите производи за перење алишта и за детергенти.

Сурфактантот, познат како NextLab линеарен алкилбензен (LAB), е направен од зелен јаглерод добиен од биомаса. Тој е обновлив и биоразградлив и ги обезбедува истите својства и перформанси за чистење како тој создаден од црн јаглерод.

Менаџерот за набавки во секторот грижа за домот на „Унилевер“, Кристен Тосин, истакна: Среќни сме што сме првите купувачи на NextLab и се надеваме дека колегите доставувачи и индустриски играчи ќе го следат примерот во истражување на поодржливи и достапни алтернативи за заедно да ја трансформираме индустријата која ќе користи обновливи и рециклирани извори.

Во моментов, 85% од побарувачката на јаглерод во секторот хемиски и дериватни материјали се задоволуваат со црн јаглерод од фосилни извори. За да се постигне т.н. кружна хемија, потребни се период на транзиција и фазен пристап кон обновливите и рециклирани суровини, што е цел на „Унилевер“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...