Свет

„Морисонс“ ги намали цените на 1.000 производи

24 Jan 2023

Британската компанија „Морисонс“ ги намали цените на уште 820 производи, со што вкупната бројка на производи со пониски цени надмина 1.000. 

Нудејќи им на купувачите просечна заштеда од 20 отсто, најновиот потег предвидува пониски цени на свежите производи, основните средства за домаќинство и за семејни оброци со што им помагаме на купувачите да купат квалитетни производи по пристапни цени, соопштија од компанијата. 

Брендовите како Warburtons, Patak's и Dettol исто така се вклучени во производите кои се на намалување, покрај брендовите од приватната трговска марка на компанијата.

Претходно овој месец, „Морисонс“ ги намали цените на 130 производи од асортиманот на Savers, вклучувајќи свежи намирници и работи за домаќинство. Новите намалувања ја покажуваат нашата континуирана посветеност кон тоа да правиме се што можеме за да помогнеме кога станува збор за трошоците за купување намирници, изјави Дејвид Потс, извршниот директор на „Морисонс“. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...