„Алди зид“ создава целосно нов начин на плаќање со таканаречените двојни благајни. Како што соопшти трговецот, сите маркети постепено ќе се прошират со барем една проширена каса што ќе може да услужува по двајца купувачи во исто време.
Новите „двојни благајни“ претходно се тестирани во пилот проект.
Од една страна, во одбрани маркети во „урбани средини“ во иднина ќе постојат каси за самоатојно плаќање, кои се веќе познати во други супермаркети. Нивната локација е во близина на училишта или канцеларии, каде се купуваат малку продукти, а целта е да се избегне гужва пред касата од повеќе лица во исто време. Но, со „двојните благајни“ се создава нов начин на плаќање. Сите маркети на „Алди зид“ постепено ќе се опремат со по барем една проширена благајна на која ќе можат да се услужат по двајца купувачи во исто време. Овие „продолжени“ каси имаат двојно окно за стоки со два одвоени ЕЦ терминали и издавање сметки. Иновацијата би требало да се имплементира во првата половина на оваа година.
И други германски супермаркети и дисконтери исто така испробуваат нови концепти на купување и плаќање, „Реве“, „Нетто“ и „Едека“ веќе извесно време имаат каси за самопослужување, а „Лидл“ моментално ги тестира истите во продавници во Португалија и Франција.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.