„Метро“ ја заврши продажбата на својата индиска дивизија „Релианс ритеил“ на најголемата индиска малопродажна холдинг компанија. Германскиот трговец успеа до крајот на годината да ги продаде двете свои проблематични филијали, заедно со белгиските продавници.
Во февруари годинава трговецот објави дека сака да го продаде работењето во Белгија и во Индија. Во двете држави имаше простор за загриженост: продавниците во Белгија работеа со загуба, во Индија конкуренцијата стана премногу жестока.
Со оглед на динамиката на пазарот, би биле потребни значителни вложувања за да продолжи растот на компанијата, соопштија од „Метро“.
„Релианс ритеил“, најголемата малопродажна групација во Индија, официјално објави дека го купува индиското одделение на германскиот трговец за околу 320 милиони евра. Тоа би значело дека „Метро“ од продажбата заработил околу 150 милиони евра.
Пазарот на малопродажбата во Индија уште е прилично фрагментиран, но со оваа аквизиција „Релианс ритеил“ се надева дека ќе ја засили лидерската позиција на пазарот. Компанијата има неколку формати на супермаркети, како и непрехранбени синџири (облека, електроника, мебел...) ни онлајн продавници. „Метро“, од друга страна, сака да се фокусира на забрзан раст во преостанатите земји. Се очекува трансакцијата да биде завршена до март 2023 година.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.