Свет

„Нелт“ отвори фабрика за бонбони во Ангола

12 Dec 2022

Во Луанда (Ангола), во Специјалната економска зона, официјално беше отворена „Кенди фактори“, во косопственост на „Нелт ЛДА“, членка на српската групација „Нелт“.

На официјалната манифестација присуствуваа голем број гости од Ангола и Европа, меѓу кои и министерот за индустрија и трговија Виктор Фернандес, кој заедно со косопствениците симболично ја пресече лентата на новата фабрика.

Инвестициите во новата фабрика изнесуваат повеќе од 20 милиони евра. Во моментов вработуваме 90, а очекувам за две години работа во фабриката да најдат над 150 работници. Со производствен капацитет од 6.700 тони годишно, дневното производство брзо ќе надмине 15 тони бонбони, лижавчиња и гуми за џвакање, рече Борис Мачак, извршен потпретседател на „Нелт груп“ за африканските пазари.

„Нелт груп“ се стреми да имплементира иновации и модерни технологии на сите африкански пазари каде што работи за да постигне највисок квалитет на услуги и операции.

„Кенди фактори“ има амбиција да биде национално и регионално призната како компанија која произведува анголски брендови. Верувам дека силно ќе влијаеме врз порастот на категоријата бонбони, лижавчиња и гуми за џвакање и дека наскоро ќе ја преземеме водечката улога во оваа категорија со 20% пазарен удел, објави Милена Киселички, директор за операции и развој на „Кенди фактори“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...