Американскиот бренд Budweiser, еден од официјалните спонзори на Светското првенство во фудбал, се најде во неволја поради забраната на Катар да се служи алкохол на сите стадиони. Затоа се одлучиле на интересен маркетиншки потег.
Поради забраната, Budweiser сега може да служи само безалкохолно пиво и затоа објави дека ќе ги донира сите залихи од пиво што му беа доставени во Катар на победникот на Светското првенство.
Нов ден, нов твит. Победничкиот тим ќе добие пиво. Кој ќе го освои?, се вели во објавата на Budweiser на Твитер.
Budweiser требаше да обезбедува пијалоци на стадионите и фан зоните во Катар, но челниците на ФИФА попуштија под притисок на катарските власти и потврдија дека алкохолот нема да се продава на ниту еден стадион, што би можело да го чини брендот околу 40 милиони фунти.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.