„Амазон“ планира да отпушти околу 10.000 вработени во технологија и корпоративни улоги, објави „Њујорк тајмс“, цитирајќи неименувани извори запознаени со ситуацијата.
Гигантот за е - трговија најмногу ќе ги укине работните места во одделите за човечки ресурси, малопродажба и уреди. Одделот за уреди е одговорен за производи како што е Алека асистентот. Отпуштањата би можеле да започнат уште оваа недела.
Големите технолошки компании ги намалуваат работните места во 2022 година, бидејќи американската економија се упатува кон сè понеизвесна територија.
Откако го заврши купувањето на Твитер, Илон Маск веднаш отпушти приближно половина од 7.500 вработени во компанијата за социјални медиуми. Претходно во ноември, Мета го намали својот персонал за 11.000 луѓе – 13% од нејзината работна сила. Финтек гигантот „Страјп“ отпушти 14% од својот персонал, или околу 1.100 луѓе.
„Амазон“ неодамна го паузираше вработувањето во компанијата, како причина наведувајќи го „невообичаеното макроекономско опкружување“. Претстојното намалување на компанијата може да биде најголемото во нејзината историја - десет илјади вработени претставуваат околу 3% од корпоративната работна сила на „Амазон“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.