Сопственикот на брендот Oreo ги зголеми цените по успешниот трет квартал, во кој забележа пораст на приходите од 8%.
Повисоките трошоци за суровини и за транспорт се наведени како клучен двигател за компензација на цените.
Американскиот конгломерат објави дека приходите се зголемиле за повеќе од 8% заклучно до септември годинава, а неговиот извршен директор – Дирк ван де Пут, изјави дека луѓето едноставно не можат да живеат без чоколадо.
Во Европа, „Монделез“ забележа пад од 211 милиони долари на приспособениот бруто-профит, но и покрај тоа, компанијата сега очекува повеќе од 10% пораст на органскиот нето-приход, во споредба со првичните изгледи од 8%.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.