Свет

„Пепси“ лансира ограничена серија пијалаци

10 Oct 2022

„Пепси“ лансира ограничена серија пијалаци наречена S'mores Collection како одговор на зголемената побарувачка за еден од најпопуларните десерти во САД. 

Колекцијата вклучува три различни вкусови спакувани поединечно. Сите нови вкусови се инспирирани од популарниот камперски десерт s'mores, сендвич од крекери, чоколадо и маршмалоу. 

Ограничената серија е достапна преку наградна игра. За да добијат можност да ги пробаат новите вкусови, фановите мораат да ја споделат фотографијата или текстот на Твитер или Инстаграм со хаштагот #Pepsismores i #Sveepstakes, како и да го заслeдат „Пепси“ на социјалните мрежи. После тоа, компанијата ќе прогласи 2.000 победници. 

S'mores е еден од највкусните десерти во кој сите уживаат на свој начин Затоа со задоволство претставуваме целосно нов начин на подготовка на овој десерт, каристејќи ја нашата колекција S'mores. Победниците би можеле да ги користат нашите рецепти за да креираат најдобри комбинации вкусови, соопштија од „Пепси“. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...