Свет

„Теско“ отвoра нови продавници во Чешка

20 сеп 2022

„Теско“ кон крајот на септември ќе отвори уште три нови продавници во Чешка, со што трговецот ќе има вкупно 189 објекти во оваа земја. 

Првата од новите, „Теско експрес“ ќе биде отворена во Прага. По неа ќе се отворат уште два хипермаркети. По повод отворањето, од компанијата најавија дека ќе донираат 50.000 круни за поддршка на локалните непрофитни организации. 

Исто така, трговецот се фокусира на проекти за модернизација на продавниците во земјата со што ќе се обиде да им понуди повеќе поволности на купувачите. Проектот вклучува имплементација на технологија која работењето го чини поефикасно. 

Од почетокот на годинава, трговецот веќе модернизираше осум објекти во земјата. 

„Теско“ работи со околу 190 продавници под својот бренд и со 130 објекти на „Жабка“ во франшизните продажни места во Чешка, што ја прави неговата мрежа достапна за две третини од чешката популација. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...