Групацијата „Фереро“ ги „претвори“ своите култни чоколадни топчиња обвиткани во златно обоена фолија во плочки, овозможувајќи им на фановите да го споделуваат омилениот чоколаден вкус и во форма на квадратни плочки во четири нови вкусови.
Завиткани во препознатливата златна обвивка, чоколадни плочки содржат различни кремасти филови: оригинален млечен лешник, „55% темен лешник, бел лешник и лешник и бадем.
Чоколадните плочки ќе доаѓаат со „купола“ врз нивната квадратна основа, алудирајќи на препознатливиот топчест облик на главниот производ на брендот. Дизајнот на амбалажата резонира со нашиот потрошувач и со сето она што тие го бараат во една премиум чоколадна понуда. Занаетчискиот аспект е навистина неспоредлив, соопштија од компанијата.
Со цел да се дојде до совршените комбинации, тим од 50 луѓе тестирале повеќе од 300 рецепти за да бидат избрани оние кои отелотворуваат „рамнотежа на вкус и текстура за најквалитетна чоколадна плочка“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.