Свет

Инфлацијата во Турција достигна рекордни 80,2 проценти

06 Sep 2022

Во Турција годишната инфлација во август достигна 80,2 отсто, што е за 0,5 отсто повеќе отколку во јули кога изнесуваше 79,7 отсто, објави Турскиот државен завод за статистика.

Тоа е нов рекорд од 1998 година. На крајот од годината се очекува забавување на порастот на цените, пишува seebiz.com.

Потрошувачките цени во Турција се зголемуваат од март 2021 година, кога инфлацијата достигна 16,6 отсто. Со оглед на тоа што порастот на потрошувачките цени не скокна како во претходните месеци, може да дојде до ублажување на едногодишната инфлаторна криза.

Турција, која важи за стратешки важна земја во развој, е потресена од економската криза. Таа беше погодена откако претседателот на земјата, Реџеп Таип Ердоган, се одлучи за експериментална политика за намалување на основната каматна стапка во борбата против високата инфлација. Поголемиот дел од другите европски земји го одлучија токму спротивното, односно да ги зголемуваат клучните каматни стапки.

Спротивно на популарната теорија, турскиот претседател инсистира дека заострувањето на монетарната политика со зголемување на каматните стапки не е рецепт за намалување на инфлацијата, поради што турската централна банка ја намали основната каматна стапка пет пати по ред минатата година и претходната година, што моментално изнесува 14 проценти.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...