„Келогс“ го загуби правниот спор со кој сакаше да докаже дека тврдењата на владата за мерење на хранливата врендост на житарките е погрешна. Ова се случи откако британскиот суд ги отфорли тврдењата на компанијата.
Новите правила ќе спречат некои од житарките за појадок на компанијата да бидат видно изложени во продавниците за храна поради високата содржина на шеќер во нив.
Според владата, правилата се дел од стратегијата за справување со дебелината кај децата. Тие во октомври ќе воведат ограничувања за промоција во супермаркетите и на интернет на храна која е класифицирана како богата со масти, шеќер или сол.
Аргументот на „Келогс“ не е дека неговите производи се со помала содржина на масти, шеќер или сол, туку дека тие треба да се оценуваат во комбинација со друга храна и состојки, со кои најчесто се комбинираат, како што е полуобезмастено млеко.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.