Свет

„Кока - кола ХБЦ“ изгуби 190 милиони евра со напуштањето на Русија

12 Aug 2022

Компанијата „Кока - кола ХБЦ“ соопшти дека претрпела еднократен финансиски удар од 190 милиони евра во првата половина годинава, поради трошоци поврзани со работа во Русија, каде ја запре продажбата на пијалакот по нападот на Москва врз Украина.

„Кока - кола ХБЦ“ ја ажурираше својата прогноза за деловни резултати, па сега очекува споредлива оперативна добивка во 2022 меѓу 740 и 820 милиони евра, поради намаленото присуство во Русија и проблемите со инфлацијата. Тоа претставува помалку од 831 милион евра, колку што пријави во 2021 година.

Компанијата за флаширање безалкохолни пијалаци, што Русија некогаш ја сметаше за еден од своите најголеми пазари, очекува да претрпи финансиски трошок од околу 82 милиони евра и во втората половина на годината, затоа што исцрпени се сите нејзини резерви во Русија, каде веќе нема да произведува или продава coca cola  или други компаниски брендови.

ХБЦ, што котира на лондонска берза, информираше и за пад на нето добивката од 34 проценти на околу 153 милиони евра за време од шест месеци, заклучно со 1 јули, поради зголемени трошоци и влијание на високата инфлација.„ХБЦ“ е една од бројните фабрики за флаширање на компанијата „Кока – кола“, одговорна за локални франшизи за флаширање и продажба на пијалаци произведени од познатиот американски производител.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...