Свет

Се очекува поголемо производство на вино во Франција

11 Aug 2022

Се очекува дека производството на вино годинава во Франција ќе се опорави по минатогодишниот мраз, иако траењето на сушата би можело да го намали неговиот обем, соопшти француското Министерство за земјоделство. 

Се очекува зголемување на производството за 13 - 21 отсто, на меѓу 42,6 милиони хектолитри и 45,6 милиони хектолитри, предвидува министерството во својата прва прогноза за 2022 година. Распонот на прогнозата е дури до 7 отсто над петгодишниот просек, се наведува во соопштението. 

Во повеќето региони временските услови беа поповолни од лани за цветање на виновата лоза, освен во делови од југозападот кои беа зафатени со мраз и град. 

Франциускиот земјоделски сектор, најголем во ЕУ, стравува од растечки губитоци од најлошата суша во земјата која беше поттикната со неколку последователни топлотни бранови. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...