Свет

Австрија: Брашното поскапе за 129 отсто, путерот за 76 отсто

15 Jul 2022

Цените на основните намирници во Австрија и понатаму растат, соопшти Работничката комора.

Најевтиното брашно на годишно ниво поскапе за 129 отсто, путерот за 76, а јајцата за 47 проценти. Бројките се алармантни, укажуваат од Работничката комора.

Анализата на цените во 7 супермаркети и дисконти покажала дека за килограм од најевтиното брашно во јуни минатата година се наплаќало 0,41 евро, а сега се издвојуваат 0,93 евра. Килограм путер чинел 5,67 евра, а кон крајот на јуни – 9,96 евра.

Високите цени особено ги погодуваат лицата со ниски примања, истакна Габријеле Згубиќ од Работничката комора. Таа додава дека голем проблем е што евтини производи често нема во продавниците, па потрошувачите треба да купуваат и поскапи, што дополнително го оптоварува нивниот буџет.

Работничката комора го повтори барањето дека е потребно привремено да се намали ДДВ на намирниците, но, да се воведе и строг надзор на цените.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...