Свет

Нова верзија на шишињата на „Кока кола“

30 May 2022

Компанијата „Кока кола“ почна да продава нови верзии од своите пластични шишиња во Велика Британија, преку кои ќе се обиде да го намали пластичниот отпад што го создаваат капачињата од шишињата.  

Бидејќи капачињата од пијалоците најчесто завршуваат како ѓубре, „Кока кола“ истите ги врзува за шишето. Поточно, новите шишиња имаат закачено капаче, дизајн кој би требало да го олесни рециклирањето на целото пакување одеднаш – и капачињата да не завршуваат во ѓубрето. Сите наши пијалаци треба да имаат закачени капачиња до почетокот на 2024 година, соопшти компанијата.

Промената засега се однесува само на шишињата во Велика Британија. Ова е мала промена за која се надеваме дека ќе има големо влијание, обезбедувајќи дека кога потрошувачите ги рециклираат нашите шишиња, никакво капаче нема да остане, изјави Џон Вудс, генерален директор на „Кока кола“ во Велика Британија. 

Најновиот потег на компанијата е дел од нејзината глобална иницијатива „Свет без отпад“, која ја поставува целта за 2030 година да помогне да се собираат и рециклираат празни шишиња или лименки за секое од нив што го продава компанијата. Исто така, планира да ги направи своите лименки и шишиња со 50% рециклиран материјал до 2030 година, а амбалажата да биде 100% рециклирачка до 2025 година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...