Италијанската групација „Кампари“ забележа скок на продажбата во првиот квартал од годината поради зголемена побарувачка на нејзините аперитиви откако луѓето се вратија во баровите низ Европа.
Прихот во првото тримесечие изнесуваше 535 милиони евра, што е зголемување од 29 отсто на слична основа, односно двојно повеќе од зголемувањето што го предвидоа аналитичарите.
Продажбата на Aperol, најпродаваниот производ во групата, порасна за 72 отсто во истиот период, поттикната од силната потрошувачка особено во Италија. Надвор од Италија, групацијата забележа силен раст на продажбата во Германија и Франција, додека пазарот на Северна Америка доживеа помала експанзија.
Групацијата со седиште во Милано ги задржува своите насоки до крајот на годинава и најави дека ќе ги зголеми цените на своите производи за да ги надомести растечките трошоци.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.