Германската малопродажна групација „Реве“ и ДХЛ ќе работат заедно за на купувачите да им овозможат 3.500 контактни точки за достава на пакети.
Корисниците ќеможат да ги користат услугите на ДХЛ за праќање и достава на бројни локации ширум Германија, а притоа ќе можат и да го завршат купувањето во продавниците на „Реве“.
Поради големиот број позитивни реакции, ќе настојуваме да го зголемиме бројот на продавници со ваква услуга. Во време на пораст на онлајн трговијата, бројот на пратени пакети во Германија постојано расте во последнава година соопштија од „Реве“.
ДХЛ станиците за прием и испраќање на пакети се достапни 24 часа дневно и се наоѓаат во места како што се супермаркети, простории на компанијата ДХЛ и станици за јавен превоз, што ја прави оваа услуга особено достапна. Планот е бројот на станици да се зголеми од сегашните 9.000 на 15.000 до 2024 година.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.