Германскиот малопродажен гигант „Лидл“, петти по големина трговец на мало во светот, има единствено решение за проблемите во синџирот на снабдување што ги мачат трговците ширум светот.
„Лидл“ планира да покрене бродска линија и да купи контејнерски бродови за да го одржи протокот на стоки. Компанијата веќе поднесе пријава до Европската канцеларија за жигови за регистрација на брендот Tailwind Shipping Line. Според пријавата, трговецот планира да користи нова операција за транспорт и испорака на стоки, вклучувајќи и транспорт на товар - транспорт со товарни бродови, воздушен транспорт на товар и услуги за ракување со товарен увоз и извоз.
„Лидл“, кој има околу 11.200 продавници и е активен во 32 земји, наводно бара поголема доследност во управувањето со делови од својот синџир на снабдување. Трговецот прво проба да инвестира во постоечката шпедиција пред да одлучи да формира сопствена шпедитерска компанија и да купува бродови.
„Лидл“ не е првиот трговец што го прошири своето работење и во сегментот достава. Почнувајќи од лани, широк спектар на компании, вклучувајќи ги и „Амазон“, „Икеа“, „Хоуме депот“ и „Долар трее“ пријавија чартер - пловила за преместување на контејнерите од Азија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.