Свет

„Кока кола“ ќе исчисти 15 од најзагадените реки во светот

20 јан 2022

Компанијата за безалкохолни пијалаци „Кока кола“ склучи партнерски договор со еколошката организација за чистење на океаните од пластика, „ Д ошн клин-ап“, при што зеде обврска да исчисти 15 од најзагадените реки во светот кои придонесуваат кон загадувањето на океаните со пластика.

Според истражувањата на оваа организација, постојат 1.000 реки во светот преку кои се слева 80% од пластиката во океаните, поради што се смета дека новата програма „Речен пресретнувач“ претставува идеалното решение за соочување со проблемот.

„Кока кола“ ќе биде првиот глобален партнер за имплементација на проектот. Компанијата ќе има задача да се занимава со логистиката и регулациите поврзани со операцијата, вклучувајќи го вадење дозволи од официјалните власти, како и со обезбедувањето на средства и оператори за чистење на отпадот.

Учеството во оваа програма се вклопува во заложбите на брендот за поголема еколошка одржливост на своето производство. Имено, „Кока кола“ има за цел до 2025 година да направи сите свои пакувања да можат да се рециклираат, а до 2030 година планира да изгради затворен кружен систем за рециклирање и реупотреба на сите свои шишиња и лименки.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...