Свет

Удар врз меѓународната трговија: Поскапува минувањето низ Суецкиот канал

11 Jan 2022

Таксите за навигација преку Суецкиот канал ќе бидат зголемени за 6,0 отсто од февруари годинава,  што ќе придонесе за раст на годишните приходи за 400 милиони долари, најави претседателот на Управниот одбор на Суецкиот канал, Осама Раби. 

И покрај шестдневниот сообраќаен метеж во двете насоки во март минатата година, кога џиновскиот брод „Евер Гивен“ се заглави преку каналот, Суецкиот канал оствари годишен приход од 6,3 милијарди долари во 2021 година, најголем досега забележан во историјата на каналот, кој се смета за една од најважните алки во светскиот поморски транспорт.

Според менаџментот на каналот, приходите лани се зголемени за 12,8 отсто или 720 милиони долари во однос на 2020 година. Раби наведе дека низ каналот во двата правци поминале 20.694 бродови, што е десет отсто повеќе од претходната година.

Во текот на 2021 година, Суецкиот канал превезол вкупно 1,27 милијарди тони товар, или 8,5 отсто повеќе од 1,17 милијарди тони во 2020 година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...