Свет

Британците може да останат без алкохол за Божиќ

14 Dec 2021

Зголемените трошоци за логистика и проблемите со синџирот на снабдување може да доведат до недостиг на алкохол во супермаркетите во Велика Британија за претстојните божиќни и новогодишни празници. За ова предупредија трговците со вино и жестоки пијалоци во писмо до министерот за транспорт на Обединетото Кралство – Грант Шапс, пишува весникот „Гардијан“.

Проблемите со граничните контроли по напуштањето на Европската унија, недостигот на возачи на камиони и друг персонал, заедно со затворањето на бизнисите поради пандемијата и застојот на меѓународниот сообраќај, може да доведат до недостиг на алкохол за Божиќ, стои во писмото од трговците. 

Од Британската асоцијација на трговци со вино и жестоки пијалаци посочуваат дека увозот на производи трае и до 5 пати подолго од истиот период минатата година, а нарачките на два дена се обработуваат 2 недели. Трошоците за транспорт се зголемени за 7%, бидејќи добавувачите мораа да ги зголемат платите на возачите за да ги задржат на работа, оставајќи ги малите компании на работ на опстанок.

Извршниот директор на здружението, Мајлс Биел, истакнува дека веќе констатирале големи доцнења во снабдувањето со вино и алкохол во Британија, што ги зголемува трошоците и го ограничува изборот на потрошувачите.

Проблемот со алкохолот е уште еден со кој се соочува британското општество по напуштањето на ЕУ, откако во втората половина на 2021 година мрачните прогнози за дефицит на крајот на годината ги опфати и мисирките, новогодишните елки и играчките.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...