Свет

Швајцарските производители на чоколада ставаат крај на детскиот труд

06 Dec 2021

Производителите „Бери Калебаут“ и „Линдт & Шпрингли“ изјавија дека подобрувањето на приходите на фармерите на какао е клучно за ставање крај на детскиот труд во синџирот на снабдување со какао.

Се проценува дека 1,56 милион деца работат во производството на какао во Западна Африка, а на производителите на чоколада, под притисок на потрошувачите и инвеститорите, им е тешко да се справат со тоа.

Главниот извршен директор на „Линдт“, Дитер Вајскопф, и извршниот директор на „Бери Калебаут“, Питер Бун, ја повторија својата поддршка на конференцијата Reuters Next.

Бери Калебо вети дека ќе го искорени детскиот труд од синџирот на снабдување до 2025 година.

Тоа е огромна цел, има уште многу работа. Не можеме да ги затвориме очите пред нешто што е таму за кое знаеме дека не треба да биде дел од нашиот синџир на снабдување, рече Бун, кој ја презеде функцијата извршен директор во септември,

Вајскопф рече дека земјоделската програма на „Линдт“ е насочена кон подобрување на сиромаштијата преку зголемување на приносот, инфраструктурни програми и органско ѓубрење, додека обуката и посетите на фармерите и надворешната верификација треба да помогнат во промената на однесувањето.

Се оди напред чекор по чекор, но на крајот на денот морам да ви кажам дека е многу, многу тежок предизвик со кој се соочуваме, рече Вајскопф.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...