Свет

Во стечај оди производителот на познатите Mozart топчиња

30 Nov 2021

„Салцбург чоколадо“, австриска компанија позната по производството на слатките Mozart топчиња, поднесе барање за стечај.

Според австриските медиуми, компанијата поднела барање за стечај поради недостаток на туристи и пад на продажбата поради пандемијата на коронавирус.

Во писмото од менаџментот до вработените и деловните партнери се изразува надеж дека компанијата ќе може да продолжи со работа.

Иако компанијата бележеше профит во изминатите години, минатата година пандемијата силно ја погоди, напиша директорот Кристијан Шигерл.

Падот на продажбата во однос на претходната година може само делумно да се компензира во новата финансиска година.

Сегашното заклучување и значителното зголемување на трошоците за суровини, енергија, плати, логистички трошоци и материјали за пакување беа дополнителни причини, рече Шигерл.

Kомпанијаата е основана во 1897 година под името „Рајсигл фабрика за слатки“ во градот Салцбург, а во 1956 година е преместена во Гредиг.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...