Најновиот потег на „Карфур“ во е-трговијата е тестирањето на услугата наречена OK Market! Првично достапна во Париз и во Лион, услугата е овозможена преку посебна апликација и функционира како личен купувач. Испораката е во рок од 3 часа.
Услугата, прва од ваков вид во Франција, веќе се покажа успешна во голем број други земји во кои работи групацијата „Карфур“, како што се Романија, Аргентина и Белгија.
Купувачите имаат избор од околу 20.000 артикли, вклучувајќи леб, месо и сувомесни производи, приготвено месо, риба, сирење... Нарачаните производи се избираат и подготвуваат од вработен кој директно комуницира со потрошувачот преку апликацијата.
Новата услуга на „Карфур“ беше лансирана по неколку недели откако трговецот купи удел во стартапот за брза испорака „Кажу“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.