Свет

Се очекува историски најниско производство на вино

24 Sep 2021

Европското здружение на земјоделци објави дека очекува историски најниска берба на грозје за производство на вино во сезоната 2021/2022 година. Причина се лошите климатски услови во јужна Европа. 

Во трите земји, главни производители на вино во Унијата (Италија, Франција и Шпанија) се предвидува производство од околу 117 хектолитри, што е пад од 18 отсто во однос на сезоната 2020/21. Освен пролетните мразови кои десеткуваа 30 отсто од виновата лоза во Франција и северна Италија, дополнителни се губитоците што ги предизвикаа градот, сушата и болестите. Без оглед на тоа, квалитетот на грозјето е добар и ќе овозможи производство на квалитетни вина, соопштија од здружението. 

Во Италија, производството ќе варира меѓу 43,7 и 45 милиони хектолитри, бележејќи пад од 9 отсто. 

Франција ќе има најостар пад од дури 29 отсто во однос на минатогодишната сезона. Производството веројатно нема да надмине 33,3 милиони хектолитри. Поради мразот кој уништи отприлика 30 отсто од родот, заедно со болестите поради летната влага, се очекува историски најниска берба по 1977 година. 

Од Шпанија се очекуваат 39,5 милиони хектолитри вино, што е 7 милиони хектолитри помалку од лани. Таму бербата почна добро, но се очекува да крае пократко бидејќи сушата и мразот ги намалија приносите. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...