Свет

Компанијата за нега на коса „Олаплекс“ излегува на берза

30 Aug 2021

Производителот на производи за нега на коса „Олаплекс холдингс“ достави документи за иницијална јавна понуда. Ова е втор потрошувачки бренд поддржан од приватната акционерска фирма „Адвент интернешнл“, која прави таква апликација за само неколку часа.

Во документите поднесени до Комисијата за хартии од вредност, „Олаплекс“ наведе 100 милиони долари како сума на понудата, износ што ќе се промени откако ќе се утврдат условите за продажба.

Според „Олаплекс“, продажба значително се зголемила во првата половина на 2021 година во споредба со претходната година. Компанијата пријави 95 милиони долари нето продажба од 270 милиони долари во првата половина од оваа година. За споредба, во истиот период во 2020 година имаше нето загуба од 22 милиони долари со околу 100 милиони долари продажба.

Основан во 2014-та година, производителот на шампони и балсами беше купен од „Адвент“ на крајот на 2019-та година, но условите на договорот не беа обелоденети. 

Акциите на компанијата ќе се тргуваат под симболот OLPX.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...