Свет

Големиот руски трговец станува уште поголем

03 Aug 2021

Еден од најголемите руски синџири, „Магнит“, го презеде ривалот „Дикси“.

Со оваа аквизиција „Магнит“ ќе додаде повеќе од 2.500 продавници во својата мрежа, со што двојно ќе го зголеми обемот.

Основан во 1994 година, „Магнит“ користи мултиформатен модел, кој вклучува к-продавници (C-store, convenience store), дрогерии, супермаркети и аптеки. Покрај тоа, компанијата произведува и сопствени приватни трговски марки.

„Дикси“ е во првите пет најголеми синџири во Русија, со приход од околу 3,4 милијарди евра. Заедничките приходи на „Магнит“ и на „Дикси“ би изнесувале 22,4 милијарди евра, што ќе ги доближи до лидерот на пазарот X5 и ќе им го отвори патот да го достигнат лидерското место во иднина.

Пред две години „Магнит“ се обиде да купи уште еден голем руски трговец, „Лента“, но загуби во преговорите од магнатот Алексеј Мордашов, кој првпат се впушти во малопродажниот сектор.

Консолидацијата на супермаркетите во Русија не е изненадување, со оглед на тоа што економијата бележи неколкугодишен пад на приходите, што е своевиден притисок врз трговците да се спојат за подобро да се натпреваруваат со зголемениот број ривали.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...