Свет

Холандија: Нова линија млечни производи на „Џамбо“

11 Jun 2021

Холандскиот трговец „Џамбо“ воведе нова линија млечни производи „Директно од фарма“ на чии етикети се фотографии од тројца фармери. Новата линија е направена поради зголемениот интерес на купувачите за локални производи од јасно декларирано потекло. 

Во понудата се полномасно и делумно о брано млеко, путер, полномасен јогурт и органско полномасно сирење. Производите кои доаѓаат од три фарми, достапни се во сите холандски „Џамбо“ супермаркети. 

Со новата понуда, трговецот одговори на поголемиот број муштерии кои ценат производи спакувани во помал обем и квалитетни производи при чие производство се води грижа за луѓето, животните и животната средина. Исто така, преку партнерството со фармерите, се скратува и синџирот на снабдување. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...