Компаниите што произведуваат чоколадо и какао заедно работат на програма за подобро следење на потеклото на какао-зрната, со цел да се намали уништувањето на шумите и да се подобрат човековите права на фармите за какао.
Оваа стратегија е истакната во извештајот на Светската фондација за какао. Компаниите што работат во оваа индустрија посочуваат дека можат да го следат потеклото на околу 74% од собраните какао-зрна од директни одгледувачи на Брегот на Слоновата Коска и на 82% какао-зрна од фармите во Гана.
Како што наведуваат тие, потеклото на зрната е многу полесно да се следи преку директни канали за набавка, а проблемот се јавува кај индиректните канали, во кои учествуваат голем број посредници.
Светската фондација за какао обединува повеќе од 80% од светските компании од оваа индустрија, вклучувајќи ги „ Бери Калебаут“, „Нестле“ и „Монделез“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.