Европската Унија подготвува прописи со кои на производителите на прехранбени производи на растителни основа ќе им се забрани споредување со млечните производи, што крена многу „прашина“ во прехранбениот сектор.
Прописите забрануваат производот на растителна основа директно да се доведе во врска со млечните производи, со називи како „вегански јогурт“ и „бадемово млеко“. Претставниците на „Данон“, „Нестле“ и „Унилевер“ сметаат дека тоа е сосема доволно и дека нови ограничувања не се потребни.
Европското здружение на млекарници, пак, тврди дека називите на амбалажата што производите на растителна основа ја споредуваат со млечните, ги збунуваат потрошувачите.
Називот „замена за сирење“ ги наведува потрошувачите на погрешен заклучок и им го отежнува замислениот избор. Таканаречената замена очигледно не е исто што и вистинско сирење. Тоа, очигледно, е друг производ, соопштија од Здружението.
Продажбата на прехранбени производи на растителна основа моментално достигнува 3 милијарди евра годишно, а до 2025 година би требало да скокне на 5 милијарди евра.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.