Американскиот онлајн гигант „Амазон“ отвора уште три оддели во Романија, во кои планира да вработи 500 луѓе до крајот на годината.
Во првиот квартал од годинава ќе се отворат уште три оддели во Темишвар. Во понудата, меѓу другото, ќе има и камери и други сигурносни уреди. Пред крајот на 2021 година ќе се отвори уште едно претставништво со фокус на FMCG индустријата, со поддршка од продажни партнери.
„Амазон“ и неговата подружница „Амазон веб сервиси“ сега имаат седиште во Букурешт. Првата канцеларија во Романија беше отворена во 2005 година и оттогаш „Амазон“ во работењето тука вложи повеќе од 100 милиони евра.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.