„Унилевер Плц“ потпиша договор со „Пенрхос“ за заедничка инвестиција во создавање на биотехнолошка компанија. Целта е комерцијализирање на технологијата за самочистење на површини користејќи алги.
„Унилевер“ истражуваше органска компонента наречена Lactam која може да превенира или блокира формирање на мувла на површината. Патентираната технологија е добиена од природни хемикалии.
Преку „Пенхрос био“, „Унилевер“ верува дека може да донесе технологија за самочистење на површината во производите за чистење и да направи револуција во глобалната индустрија за чистење.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.